
ФОРМАТ: креативна детска работилница
ДЕН: сабота, 9.ноември 2024
ВРЕМЕТРАЊЕ: 11:00 – 12:00ч.
ВОЗРАСТ: 6+ години
ЛОКАЦИЈА: PUBLIC ROOM
БИЛЕТ: 350 МКД
ПРИЈАВУВАЊЕ: купи билет
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: 20 (максимум)
Ринг ринг, прави звукот на велосипедското ѕвонче кое вашето дете ќе може да си го обои само
на една од нашите работилници. Супер подарок за новиот велосипед или за другарчето кое
има роденден овој месец. На оваа работилница добивате сертифициран ментор кој ќе работи
со децата, со вклучени материјали потребни за изработка на ѕвончето и секако загарантирана
забава за детето!
Ирина Кајчевска е дизајнерка, која своето образование го стекнува на Факултетот за дизајн и
мултемедија. Има неколку самостојни изложби и работно искуство во магазин за мода и дизајн,
дизајнер е во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба, како и официјален дизајнер на Skopje
Design Week 2018/2020. Ирина размислува “outside the box”, не држејќи се до рамките на извесни
правила и законитости овозможувајќи неконвенционален пристап во третирањето на цртежот во
контекст на графичкиот дизајн.