
Ден: сабота, 14.септември
Време: 11:00 – 18:00ч
Локација: Public Room
Учество: влез слободен, пријавување задолжително на info@publicroom.org

Работилницата “Козметички третман на велосипед“ во рамки на Skopje Design Week,
започнува на 14. септември во PUBLIC ROOM во 11:00ч. и трае до 18:00ч.! Тесно врзана со
повикот Cycle and Recycle – дава можност на сите генерации за велосипедисти да ги направат посакуваните козметички измени на сопствениот велосипед и со тоа ја подобрат нивната видливост во учество во сообраќајот во Скопје. Затоа и работилницата е насловена “Козметички третман на велосипед“, алудирајќи на бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.
Повикуваме велосипедисти со нови или постари весолипеди кои сакаат да им дадат
козметички третман на своите велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста на
волосипедот во сообраќајот, да се пријават на info@publicroom.org со име презиме,
телефон (за закажување на вело – козметичар) како и број на весолипеди кои би ги
донеле на третман. Козметичкиот третман на велосипедот е бесплатен, а за истото ќе се
погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симовска и Бранкица Јордановска.
Се гледаме! Skopje Design Week 2024 за новата генерација на Скопје!