SKOPJE DESIGN WEEK
6. – 10. ноември, 2024
Public Room, Мала станица и Литература.мк (Дајмонд)
Платформата SKOPJE DESIGN WEEK оваа година го најавува фестивалот на дизајн и креативност под темата “Pure Mobility”, залагајќи се за подигнување на свеста во деловниот свет и јавноста за порационално користење на добра, производи и доведување на урбаната мобилност до степен со што ние самите ќе допринесеме за помало загадување на воздухот, водата и почвата.
Темата е одбрана со цел да се зголеми свеста за потребата од намалување на CO2, нешто што на Скопје како град му е нужно, притоа транзитирајки од постоечката ситуација кон целосно усвојување на циркуларна економија и циркуларен дизајн како во општеството така и во начинот на кој ќе размислуваме и ние, и идните генерации.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 15. октомври, 2024
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Компании, дизајнери, дизајн студија, неформални групи и поединци кои имаат иновативни производи или услуги и сакаат истите да ги претстават пред пошироката јавност со цел да иницираат продажба или ја зголемат истата.
ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВА?
Преферираме на аплицирање и изложување на следните типови производи:
- нови парчиња на мебел,
- иновација во осветлувањето,
- нови, свежи елементи за ентериер,
- иновативни и несекојдневни предмети и помагала,
- функционални и допадливи аксесоари за домот,
- производи и инсталации од рециклирани материјали,
- нова моднa и спортскa облека и аксесоари,
- кретивно осмислени алати, уреди и опремa,
- сосема нова амбалажа на производ која поттикнува продажба,
- Друго (изненади не и нас и публиката).
Организаторот ќе даде приoритет на производите и/или прототипи чија цел е подобрување на начинот на живот и работа, користат локално достапни материјали и технологии, имаат избалансирани трошоци за производство, ги следат критериумите за еколошки производни процеси, самите производи или нивните амбалажи се рециклираат и се економични.
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД УЧЕСТВОТО?
Учесниците на Skopje Design Week добиваат,
- Изложба во Мала станица во период 6. – 10. ноември, 2024 каде влезот за сите посетители е бесплатен.
- Фотографии и опис на производите на официјалната веб страна на фестивалот.
- Промоција во дигитални медиуми со банери, текст и фотографии од дизајн парчиња.
- Континуирано информирање во јавноста преку испрќање на дописис до медиуми (20 медиумски партнери и покровители).
- Социјални мрежи: facebook, Instagram, LinkedIn, Tik tok.
- Испраќање на неделен билтен до цела дата база на организаторот, цирка 80.000 директни контакти во период 20. октомври – 15.ноември, 2024.
- Слободен влез за сите работилници и презентации за време на фестивалот.
ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО
Изложбен простор од 25м2 = 22.000 МКД + ДДВ
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИСПРАТИ И КАКО?
Секој кандидат задолжително треба да испрати:
- Формулар за пријавување на SDW
ПРЕВЗЕМИ ФOРМУЛАР ЗА ЕКСПО ЗОНА 2024 - Фотографии и технички цртежи од производите или прототиповите кои се предлагаатаза изложба.
- Портфолио на компанијата / дизајнерот / студиото на англиски јазик.
Сите фајлови треба да се испратат Преку www.wetransfer.com на info@publicroom.org, со наслов „ПРИЈАВА за EXPO – SDW 2024”. Организаторот ќе испрати потврда за добиените материјали.
Доколку не добиете потврда во рок од 24ч. потребно е да ги испратите повторно или да нѐ контактирате на info@publicroom.org. Организаторот ги советува сите заинтересирани кандидати да не ги чекаат крајните рокови за аплицирање.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 15. октомври, 2024
ШТО ВСУШНОСТ Е SKOPJE DESIGN WEEK?
Skopje Design Week e мултидисциплинарна платформакоја постои од 2010 година и става акцент на дизајнот и креативните индустрии во регионот и Европа и стимулира креирање на подобари врски помеѓу меѓичниот триаголник Дизајн – Бизнис – Паметни потрошувачи. Идејата за која пости фестивалот е да се стимулира одржлив развој во бизнисите преку дизајнот и иновациите, креирајќи платформа за експериментирање, промоција, вмрежување како и хоризонтална и вертикална соработка.
Севкупната програма на SDW е иновативен микс кој ги претставува најновите достигнувања во полето на продукт дизајнот, циркулраниот дизајн, дизајнот на мода и графичкиот дизајн, дизајнот на накит, музиката, гастрономијата и бизнисите воопшто. Пред пошироката јавност ја презентираме најнова генерација производи кои се привлечни и достапни, со висока фунционалност и естетика дизајнирани од просперитетни дизајнери, дизајн студија и неформални групи.
КАДЕ?
Експо зоната ќе биде сместена во Мала станица – Национална галерија на Македонија
КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ?
info@publicroom.org