На штандот на Filigree LARGO ќе најдете рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн. Накитот е современ, модерен, несекојдневен. Креаторката на брендот е виолинистка, па низ нежната структура на сребрените жици протекува музика, исто како низ жиците на виолината, давајќи му на секое парче накит уметнички изглед.
Дел од накитот е изработен од рециклирано сребро, кое може да се преработува неограничен број пати без да изгуби на квалитет. За разлика од накитот од брзата мода, сребрениот накит е дизајниран да трае цел живот. Тој не е само моден избор, туку е и одржлив – доказ дека елеганцијата и грижата за Планетата Земја можат да одат рака под рака.




