Skopje Design Week 2026

Skopje Design Week 2026

Од 21. до 27. ноември, Skopje Design Week по тринаесетти пат ги отвора вратите кон светот на дизајнот, овојпат под темата „Crafting Tomorrow“.

„Crafting Tomorrow“ е средба меѓу традицијата и иднината, меѓу занаетот и иновацијата, меѓу локалното знаење и глобалните тенденции. Темата ги поврзува традиционалните знаења со современиот дизајн, рачната изработка со новите технологии, а локалното наследство со глобалните идеи.
Во свет што постојано се забрзува, Skopje Design Week 2026 потсетува на вредноста на процесот, материјалот, деталот и човечкиот допир. Истовремено, го истражува потенцијалот на одговорниот дизајн во создавањето подобро, пофункционално и поинспиративно утре.