Контура

Контура е студио за графички дизајн и печатница. Нудат комплетна услуга во полето на креативноста, графички подготовки, високо-квалитетно печатење и
професионална доработка на производите.

Кај нив ќе најдете широка палета на рециклирани хартии, органски и природни материјали и производи. Тие се зелена печатница и секогаш фокусот ќе биде
на еколошко, рециклирано, реупотребливо, органско и природно.

Нивната цел е да направат позитивен импакт кај целокупниот имиџ и визуелен идентитет кој го имаат македонските компании и организации, големи и мали.
Сакаат да ја зацврстат нивната контура и заедно да изградат стил и насоки преку кој компаниите ќе комуницираат со нивните клиенти или за промоција на услуги и производи.

Контура – Студио на графички и концептуални дизајнери. Маркетинг вљубеници. Раскажувачи на приказни. Креатори и принтаџии.