Half Moon Crafts се еколошки, рачно изработени производи од хартија, кои активно придонесуваат за одржлив начин на живот преку промовирање на практики на нула и помалку отпад.
Главен ресурс за производите е неупотрелива хартија од канцеларии и од домаќинства која наместо во отпад се користи за нешто креативно. Преку внимателен процес, се креираат неколку уникатни продукти кои го одразуваат идентитетот на Half Moon Crafts.
Меѓу нив се свеќниците во различни форми, картички за подароци, обележувачи за книги, рачно правена садлива хартија и декоративни садови меѓу останатите производи.
Во работилницата на Half Moon Crafts се создаваат производи што не само што ќе бидат естетски привлечни, туку и ќе раскажуваат приказна, ќе креираат моменти за паметење, ќе предизвикаат радост кај тие што ќе ги имаат.


