Halk Money Box Design

Датум: 16. ноември
Почеток: 14 часот (прв термин), 16 часот (втор термин)

Учество бесплатно!
Пријавувањето е задолжително и се врши по Вибер на телефонскиот број 076 310 414
(задолжително наведете го терминот – 14:00 или 16:00)

Оваа креативна работилница е наменета за деца на возраст од 4 до 8 години кои ќе имаат можност да ги обојат и украсат сопствените касички за штедење од HalkBank кои се во форма на симпатично слонче под менторство на Бранкица Јордановска, визуелен уметник, костимограф и илустратор.

Децата ќе користат бои и материјали за да ги претворат своите касички-слончиња во уникатни дела, развивајќи ја својата креативност и моторика, истовремено учејќи за важноста на штедењето на забавен начин. Сите обоени касички остануваат кај дечињата како потсетник за нивното прво штедење.

Бранкица Јордановска е визуелен уметник, костимограф, илустратор и културен активист со завршено образование на Факултетот за ликовни уметности. Јордановска има реализирано повеќе самостојни изложби и мурали, и е наградувана костимографка и сценографка за бројни алтернативни и институционални театарски продукции.

Работилницата е спонзорирана од HalkBank