From Waste to Forest

Датум: 16. ноември
Почеток: 12 часот
Времетраење : 2ч
Возраст: 6 +
Билети: купи билет

Дали ја сакаш природата ?

Колку и како ја заштитуваш ?

Да ја сакаме природата, да учиме , се инспирираме и креираме од неа. Работилницата е директно поврзана за заштита на природата- користи реупотребливи материјали и ја зголемува еколошката свет. Нуди креативно поминато време за создавање уметност од картон, инспирирани од светот на животните. Зголемување на имагинацијата и моторика, заедно во група од нови или веќе познати другарчиња.

Работилницата ќе биде реализирана од академскиот уметник  и ликовен педагог Маргарита Симовска и е во склоп на нејзината изложба „Празно саќе“ .Таа  го користи принципот FAIR SHARE, каде  природата  ни става до знаење: колку уништувајќи земаме дел од неа, толку треба  да и возвратиме за да ја зачуваме.

Бидете дел од зачуваување на природата преку уметноста и растете создавајќи вистински вредности !

Потребните материјали се обезбедени од организаторот.

Маргарита Симовска е авторка која своето ликовно образование го започнува во Средното Уметничко училиште “Лазар Личеноски “ во Скопје, продолжува на Националната Ликовна Академија во Софија на отсекот монументално сликарсто, а во моментов е на магистарски студии за визуелни ументости на ИБУ – Скопје. Има учество во повеќе регионални и интернаципонални изложби, колонии и фестивали за современа уметност.  Работи како ликовен педагог.