Датум: 15. ноември
Почеток: 18 часот
Времетраење : 2ч
Возраст: 15 +
Билети: купи билет
Колку си одговорен во употребата и изборот на материјалите за креирање ?
Дали тие ја заштитуваат природата ?
Оваа работилница отвара еден друг поглед во начинот на размислување и делување во процесот на креирање. Реупотреба на материјали и создавање на нови идеи и пристапи, кои директно влијаат за заштита на природата. Вклучете се и вие во принципот FAIR SHARE каде природата ни става до знаење: колку уништувајќи земаме дел од неа, толку треба да и возвратиме за да ја зачуваме. Принцип кој го користи академскиот уметник Маргарита Симовска во своето творештво и кој ќе го пренесе на оваа работилница.
Повелете на краетивна дружба да создаваме уметност и да ја покажеме љубовта кон природата! Работилницата е отворена за уметници, дизајнери, како и вљубеници во уметноста и креирањето.Не е потребно формално образование и искуство,само желба и интерес за нови знаења и добро поминато време !
Потребните материјали се обезбедени од организаторот
Маргарита Симовска е авторка која своето ликовно образование го започнува во Средното Уметничко училиште “Лазар Личеноски “ во Скопје, продолжува на Националната Ликовна Академија во Софија на отсекот монументално сликарсто, а во моментов е на магистарски студии за визуелни ументости на ИБУ – Скопје. Има учество во повеќе регионални и интернаципонални изложби, колонии и фестивали за современа уметност. Работи како ликовен педагог.