Датум: 15. ноември
Почеток: 11 часот
Партиципација: 250 денари
Препорачана возраст: 7+
Пријава: преку Viber/WhatsApp на 070631066
Имате играчки што постојано се расфрлани низ домот? Ние ќе најдеме решение барем за една и на оваа детската работилница ќе ги научиме најмалите на ре-употреба, љубов кон растенијата и еколошки навики.
На ова креативно попладне садиме коренчиња во некоја од играчките која ќе одлучите да ја донесете. Ова е одличен начин да претвориме нешто што е дел од секојдневието на вашето најмило во саксија за растенија.
Ина Михајлова дизајнерка која своето образование го стекнува на Факултетот за дизајн и мултемедија. Понатамошно самостојно се усовршува и посетува бројни обуки во областа на графичкиот дизајн, Design thinking методологијата и креативната работа со деца.