Picnic on Mars

Тип: интерактивна едукативна претстава
Возраст: 5 – 11 години
Времетраење: 40–45 минути
Билети: купи билет

Во оваа интерактивна детска претстава, децата ќе се запознаат со два шарени вонземјани – Вселенко и Марско, кои случајно слетуваат на загадената планета Земја. Таму ги среќаваат Зелената сила, која бара помош од луѓето за да ја спаси планетата од Сивиот Смог.

Преку хумор, песни, игри и заеднички предизвици, децата учат:
♻️ што е рециклирање и како правилно се сортира отпадот
🌳 зошто е важно да се чуваат дрвјата и воздухот
💧 како секој човек може да ја заштити природата со мали секојдневни навики

Зошто токму оваа претстава?

  • Го поттикнува еко-размислувањето кај децата
  • Ги вклучува во реални активности (сортирање отпад, креативни предизвици, групна работа)
  • Претставува весела комбинација на наука, театар и игра

Завршува со порака од самата Планета Земја