Датум: 21. ноември
Почеток: 15 часот
Влез слободен
Пријавување: Најавете ни го вашето доаѓање на tamara@publicroom.org
„Помеѓу“ е интерактивно предавање на кое ќе зборуваме за тоа што ги поврзува театарот, сценографијата, визуелната уметност, сликарството и книгите, како и за способноста да се создаваат светови, да се пренесуваат идеи и имагинацијата да се преточува во форма.
Проф. д-р Љупчо Јованов е Редовен професор по група предмети од областа на архитектура, урбанизам и планирање дизајн на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Покрај архитектура, активно се занимава и со изработка на театарска и филмска сценографија, како и со публикување на научни книги од областа на театарот и архитектурата, а исто така и на новели и стрипови.
Неговото предавање е дел од програмата EDU TALKS на Skopje Design Week 2026.