Датум: 21. ноември
Почеток: 16 часот
Влез слободен
Пријавување: Најавете ни го вашето доаѓање на tamara@publicroom.org
„Компонентата памети — Создавање згради од делови што го знаат своето минато„ е интерактивно предавње на кое Тони Левак ќе зборува за тоа што треба да памети еден градежен елемент за следниот творец да може да го продолжи неговиот живот, имајќи го предвид неговото минато?
Ова предавање истражува како градежните елементи можат да ги зачуваат историите што ја овозможуваат нивната повторна употреба.
Почнувајќи од спојот, преку документацијата, па сè до создавањето на иднината, предавањето ги поврзува истражувањата за споеви што ги регистрираат промените со прашањата за заеднички правила, индивидуален дизајн и долгорочна грижа.
Некои идеи се поткрепени со мерења, други се предложени или замислени – но сите го поставуваат истото прашање: како еден градежен елемент може повторно да стане дел од некоја зграда?
Тони Левак докторитал со највисоки почести на Техничкиот универзитет во Грац, каде што истражувал и предавал во периодот од 2018 до 2025 година. Комбинирајќи архитектонска практика и експериментални истражувања, тој се занимава со прашањето како градежните компоненти можат да бидат дизајнирани така што ќе имаат повеќе од еден животен циклус.
Неговата работа истражува како однесувањето на материјалите, реверзибилните споеви и дигиталните записи можат да придонесат зградите да го зачуваат знаењето за своето минато и да овозможат нивна повторна употреба во иднина.
Ова предавање е дел од програмата EDU TALKS на Skopje Design Week 2026 и ќе се одржи на англиски јазик.