Creating locally – The future of the local creative scene

Датум: 22. ноември
Почеток: 13:30 часот
Влез слободен

Пријавување: Најавете ни го вашето доаѓање на tamara@publicroom.org

Насловена „Твориме тука: иднината на локалната креативна сцена“ на оваа панел дискусија ќе разговараме за предизвиците со кои се соочуваат локалните уметници и дизајнери – од можностите за творење и професионален развој, до недостигот на поддршка, простор и услови за независна креативна работа.

Ќе отвориме прашања за тоа што значи да се биде алтернативен уметник во Македонија и како да се создаде средина во која младите ќе можат да творат, да експериментираат и да опстојат.

Панелисти:

🎤 Ирина Атанскова, основачка и тату-артистка во Nameless tattoo studio

🎤 Бранкица Јордановска Николовска, ликовна уметница, костимографка, сценографка, илустраторка и културна активистка

Модератор:

🎤 Ирина Михајлова, основачка на здружението за циркуларна култура, колекционерство и оджлив развој Second Hand Faves