Skopje Design Week 2025

Skopje Design Week 2025

Во 2025 година, “SKOPJE DESIGN WEEK” 10. – 16.НОЕМВРИ, се развива во платформа за регенеративен дизајн и одржлив локален развој, спојувајќи глобална еко визија со локална иновација.

Под мотото „Циркуларен начин на размислување“ ја истражуваме моќта на дизајнот како би креирале план за трансформирање на заедниците, туризмот и секојдневниот живот—реосмислувајќи како се движиме, конзумираме, создаваме и споделуваме нови ресурси. Додека светот полека но сигурно преминува од линеарен кон кружен систем, чистата мобилност, туризмот со низок отпечаток и повторната употреба на материјали стануваат клучни фактори во секојдневието на модерните општества. Скопје мора да се приклучи кон овој тренд, да биде жива лабораторија—место каде глобалните цели за одржливост се сретнуваат со локалните потреби и знаења.