April22

April22 е македонски бренд основан од три сестри, инспириран од идејата дека вистинската промена започнува со свесен избор. Водени од одговорно занаетчиство и одржливост, создаваат висококвалитетни и удобни производи.

Нивните биоразградливи хулахопки, произведени во Македонија од Amni Soul Eco® предиво, природно се разградуваат и се обоени со вегански, природни бои – нежни кон кожата и животната средина.
Обогатени со Aloe Vera, тие нудат удобност, свежина и долготрајност.

Како бренд, April22 се стреми кон целосна самоодржливост преку обновлива енергија, рециклирани материјали и етичко, локално производство.
Секој пар хулахопки е свесен избор – мал чекор кон поголема промена за себе и за планетата.