Atelier Foliage е креативно место каде љубовта за растенијата и природата се обединува. Нивните рачни изработки се слики од пресувани цвеќиња и декоративни предмети од глина. Додека изминатите 4 години соработуваа со грнчари и се изработуваа рачно насликани саксии, од оваа година нивната приказна добива ново поглавје, каде Христина самата изработува предмети од глина, но и започна да работи со техниката на пресувани цветови.


