Датум: 15. ноември
Почеток: 14 часот
Времетраење : 2ч
Возраст: 8-12 години
Учеството е бесплатно!
Пријавувњето е задолжително и се врши по Вибер на телефонскиот број 076 310 414
Оваа практична работилница е наменета за деца на возраст од 8 до 12 години кои ќе имаат можност дизајнираат куќички под менторство на Бранкица Јордановска, а истите ќе бидат донирани на друштво за заштита на животни
Куќичките ќе бидат дизајнирани од два аспекта, надворешно – со фарбање и цртање, и внатрешно – со ставање на изолација и меки елементи за поголем комфор. Дечињата ќе треба да донесат стара облека, материјали, ќебиња и слично кои ќе може да се искористат за внатрешноста.
Бранкица Јордановска е визуелен уметник, костимограф, илустратор и културен активист со завршено образование на Факултетот за ликовни уметности. Јордановска има реализирано повеќе самостојни изложби и мурали, и е наградувана костимографка и сценографка за бројни алтернативни и институционални театарски продукции.
Работилницата е спонзорирана од HalkBank.