Еко восочни обвивки

Еко восочните обвивки се изработени од памук и природен пчелин восок и служат како одржлива замена за пластични и алуминиумски фолии. Тие се еколошки, практични, со убав дизајн и лесно се одржуваат. Наменети се за чување на овошје, зеленчук, јаткасти плодови, леб и слично. Бидејќи „дишат“, храната останува подолго свежа и се намалува фрлањето храна.

Може да се користат за пакување сендвичи, покривање садови или завиткување предмети. Со топлината на дланките лесно се обликуваат, а по употреба се мијат со млака вода и благ детергент.