Датум: 22. ноември
Почеток: 16 часот
Влез слободен
Пријавување: Најавете ни го вашето доаѓање на tamara@publicroom.org
„Секојдневни решенија за вообичаени проблеми“.
На ова предавање Васо Асфи, Костас Бисас и Лукас Ангелу ќе зборуваат за тоа дали „DIY дизајнерите“ (дизајнерите што создаваат сами) се двигателите на промените што ни се потребни во време на прекумерно обработени производи и услуги. Ќе ги споделат и своите сознанија и размислувања по објавувањето на двата тома од книгата „Travelogue: Greek Everyday Solutions to Common Problems“ („Патопис: Грчки секојдневни решенија за вообичаени проблеми“) – публикации што прикажуваат DIY предмети создадени во Грција. Овие предметит отвораат прашања за тоа што можат да значат луксузот, занаетчиството, знаењето и снаодливоста во зората на еден нов свет, во кој вештачката интелигенција станува алатка за делегирање на човечкото размислување, а отворениот дизајн – алтернативен пристап кон производството.
Papairlines е првата „авио-компанија“ без буџет, основана во 2011 година од Васо Асфи, Костас Бисас и Лукаc Ангелу. Преку своите „дизајнерски летови“, papairlines го користи патувањето како метафора за поврзување на естетиката и употребливоста, процесот и резултатот, стереотипите и еволуцијата, однесувањето и емоциите. Тие експериментираат преку осмислување искуства што поттикнуваат латерално размислување и прикажуваат алтернативни пристапи кон дизајнот преку различни активности, меѓу кои изложби, предавања, публикации и работилници.
Нивното предавање е дел од програмата EDU TALKS на Skopje Design Week 2026 и ќе се одржи на англиски јазик.