Датум: 11. ноември
Времетраење: 9:30 – 14:00 часот
Во рамки на фестивалот SKOPJE DESIGN WEEK 2025, се одржува работилница за развој на креативен туризам. Пококретно, се работи за 4 часовна работилница во вторник, каде се работи на нови изготвување на предлози за унапредување на кретивната соджина – програмата, која домаќинствата во руралните и урбаните средини ја нудат пред своите гости.
Целта на оваа рaботилница е да низ четири часовен работен процес дојдеме до кретивни предлог решенија кои ќе им помогнат на домаќинствата во Македонија да го унапредат и зголемат своето работење. Стратегијата за дојдовен туризам во Македонија вели дека домаќинствата се еден од економските моторите во туризмот и дека со нивното реаботење ревитализираат цели средини. Од тие причини акцентот се става на нивно унапредување и зголемување на нивните капацитети.
На оваа креативна работилница ќе присуствуваат претставници на секторот туризам – домаќинствата, претставници на туристички агенции за дојдовен туризам, претставници на креативните индустрии, претставници на институции и организации кои работат на развој и унапредување на туризмот.
10:00 – ВОВЕД
- Марија Ѓошева Ковачевиќ – Земјоделски институт, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
- Јованка Ѓорѓевска – Министество за култура и туризам на Македонија
- Зоран Тодорвски – швајцарска развојна агенија ИМЕ
- Александар Велиновски – Public Room, Скопје
10:15 – 3 минутно претставување на домаќинствата, со цел нивно подобро запознавање со останатите учесници.
11:00 – Дебатна сесија – критики за работењето на домаќинствата и можности за унапредување на програмската понуда
12:00 Работа во групи
13:00 Презентација на предлог решенијата
14:00 Заеднички ручек и социјализација
