Маргарита Симовска е автор кое своето ликовно образование го започнува во Средното Уметничко училиште “Лазар Личеноски ” во Скопје, продолжува на Националната Ликовна Академија во Софија на отсекот монументално сликарсто, а во моментов е на магистарски студии за визуелни ументости на ИБУ – Скопје. Има учество во повеќе регионални и интернаципонални изложби, колонии и фестивали за современа уметност. Во моментов работи како ликовен педагог.
„Со ПРАЗНО САЌЕ го вклучувам алармот за подигнување на еко свеста на глобално ниво. Празно саќе се поврзува со природата, учи од нејзината мудрост и од нејзиниот начин на функционирање.
Користеќи го принципот FAIR SHARE, природата ни става до знаење: колку уништувајќи земаме дел од неа, толку треба да и возвратиме за да ја зачуваме. Овој принцип го користам за да ја изразам мојата голема љубов кон природата. Преку однапред одреден концепт се поврзувам непосредно со формата на природата. Концептот носи порака дека и ние сме природа и сопствената вредност треба да ја поврземе со надворешната природа за да го оправдаме нашето место на планетата Земја.
Учејки од мудроста на природата влезена во нејзината кружност не го стопирам нејзиниот динамичен баланс. Затоа создавам од рециклиран материјал земен од отпад.
Формите и патерните во Празно саќе се симбол во кој одекнува нашето битисување како доказ дека сме надвор од природата, а не во неа. Преку нив го вклучувам алармот за будење на екосвеста на глобално ниво со прашање: Каде и како се вклопуваме ние во функционирање на природното начело: Создади – Уништи – Обнови?
