Second Hand Second Chance

Датум: 08. ноември
Почеток: 14 часот
Времетраење : 2ч
Возраст: 15 +
Билети: купи билет

Број на учесници: Максимум 10

Познатиот feel good скопски бренд 5 до 12 ве поканува на уникатна работилница за дизајн која го слави новиот почеток!

Овој проект е директен продолжеток на филозофијата на 5 до 12 – да ја претвори заборавената облека во парчиња со приказна, боја и став.

На работилницата ќе се запознаете со техники на рачно печатење и цртање на текстил (вклучувајќи линорез), кои брендот 5 до 12 ги користи за преработка на second hand облека. Ќе можете сами да експериментирате и да си направите целосно уникатно парче.

❗️ВАЖНО! Што да понесете:
Потребно е секој учесник да си донесе свој пар фармерки, маица, кошула или дуксер кои повеќе не ги носи. (Облеката мора да е од природен материјал за да биде успешно печатењето.)