Upcycled Furniture

Датум: 16. ноември
Почеток: 13 часот
Партиципација: 250 денари
Препорачана возраст: 16+
Пријава: преку Viber/WhatsApp на 070631066

На оваа работилница преку креативен пристап ќе учиме како да го трансформираме стариот мебел во нешто ново, функционално и убаво.

Ако сакаш да преправаш, фарбаш, трансформираш и едноставно да им даваш нов живот на старите предмети- ти ја препорачуваме оваа активност.

Потребно е само да имаш идеја и желба, а ние ќе ти ги овозможиме сите материјали за творење.

Ина Михајлова е дизајнерка која своето образование го стекнува на Факултетот за дизајн и мултемедија. Понатамошно самостојно се усовршува и посетува бројни обуки во областа на графичкиот дизајн, Design thinking методологијата и креативната работа со деца.