Wool Between Tradition, Sustainability and Art

Датум: 13. ноември
Почеток: 17 часот
Влез слободен


Предавањето на текстилниот уметник и дизајнер Арпад Пулаи.

Во ова предавање насловено како „Волната помеѓу традицијата, одржливоста и уметноста“ ќе ja разгледаме биомиметиката како пристап за решавање на еколошки предизвици, како што се рециклирањето, уништувањето на биодиверзитетот и недоволната употреба на природни материјали. Фокусот ќе биде насочен кон концептот и целта на делата „Биокарпет и волнените скулптури“ на Арпад. Овие негови дела претставуваат иновативни текстилни структури кои се разликуваат од традиционалните начини на создавање текстилни површини. Со изолирање на поединечни елементи од природата и нивно умножување преку различни структурни варијации, уметникот настојува да развие нови системи за конструирање на текстилна флора. Тактилноста на материјалите и нивната меѓусебна интеракција поттикнуваат понатамошно истражување на нови естетски и функционални вредности. Креативната слобода и можноста за експериментирање овозможуваат формирање на единствен уметнички израз кој ја спојува природната инспирација со современиот текстилен дизајн.