Локација: PUBLIC ROOM Датум: 08-09.11.2025 Времетраење: 10:00-16:00 часот
На саемот ќе имате можност да запознаете и поддржите 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи покажуваат дека малите чекори можат да донесат големи промени.
Природна козметика, накит од рециклирани материјали, рачно изработени производи, уникатна облека од природни и реупотребени материјали, и други еколошки алтернативи за најразлични производи – сè на едно место, со цел намалување на еколошкиот отпечаток од производите кои ги користиме во нашето секојдневие. Овие производи не се само добра алтернатива во однос на нивното влијание врз животната средина, туку тие пред сé се добри и за нас, луѓето. Така на пример, во природната козметика се користат состојки од природно потекло, a се изоставуваат состојки како вештачки бои, парфеми и други хемикалии кои штетат на нашето здравје.
Бизнисите кои ќе учествуваат на настанот се дел од Yes for Less мрежата на зелени бизниси. www.yesforless.mk е платформа која им помага на луѓето заинтересирани за поодржлив начин на живот да ги најдат сите потребни информации на едно место. На платформата која е базирана на еко-заедница, луѓето може да споделуваат и разменуваат еколошки навики и совети, да откриваат еколошки бизниси кои нудат различни производи и услуги, како и да дознаваат за настани и акции кои промовираат одржлив развој. Освен тоа, луѓето со слични интереси може да дискутираат на теми, проблеми и решенија поврзани со заштита на животната средина, и да се здружат со цел заедничко дејствување и решавање на поголеми еколошки проблеми во нашата држава.