Reflections- Tradition as a Contemporary design language​

Датум: 22. ноември
Почеток: 15 часот
Влез слободен

Пријавување: Најавете ни го вашето доаѓање на tamara@publicroom.org

„РЕФЛЕКСИИ – Традицијата како современ дизајнерски јазик„ е предавање кое ја претставува творечката филозофија на Јана Ацевска и платформата „Рефлексии“, која го истражува потенцијалот на традицијата и културното наследство како извор и инспирација за современ дизајн. Преку истражување и современа интерпретација на традиционалните техники и рачната изработка, „Рефлексии“ отвора нови перспективи за културната меморија и идентитетот. Проектот „Ткаени идентитети / Од Жупа до светот“ го илустрира овој пристап, трансформацијата на наследените вештини и традиционалните техники во нов современ израз.

Јана Ацевска е дизајнерка и основач на КАПКА, дизајн студио основано во 2006 година. Нејзината авторска практика се движи меѓу графичкиот дизајн како и дизајн на производ и накит, со постојан интерес за истражување на формата, материјалите, текстурите и нивниот потенцијал да раскажуваат приказни. Во нејзината работа се преплетуваат дизајнот и уметноста, интуицијата и концептот, современиот израз и референците од културното наследство. Нејзините дизајни се добитници на меѓународни признанија, меѓу кои German Design Award, Big SEE Product Design и наградата за иновација на Architectural Digest Design Show во Њујорк.

Ова предавање е дел од програмата EDU TALKS на Skopje Design Week 2026.