Арпад Пулаи

Арпад Пулаи – Мајсторот на текстилната уметност со своја изложба на Skopje Design Week

Пулаи е Магистер по применета уметност на Универзитетот по уметности во Белград (Оддел за текстил), каде завршил во 2011 година. Таму и моментално предава, додека ја изработува својата докторска дисертација насочена кон биомиметика — биолошки модели од природата релевантни за развојот на текстилниот дизајн.

Неговата практика е првенствено во областа на текстилната уметност, дизајнот, таписеријата и дигиталната илустрација. Во 2014 година ја основал асоцијацијата „Чунак” со цел оживување на рачните текстилни техники како ткаење, филцување волна и машинско плетење. Добитник е на бројни награди за исклучителни достигнувања во текстилната уметност.

arpad pulai-expo