Тамара Георгиевска е инженер по индустриски дизајн, која од 2011 година создава уникатни производи за уредување на ентериери. Активно работи и во областа на графичкиот дизајн и маркетингот.
На Skopje Design Week учествува веќе дванаесет години, претставувајќи инсталации, огледала, осветлување и парчиња мебел изработени од отпадни елементи, масивно дрво, челик и текстил.
На овогодинешното издание ќе претстави некои од своите најнови дизајни на огледала со LED светла, наменети не само за домот, туку и за уредување на јавни простории (хотели, ресторани, кафулиња, ноќни клубови) – како и за најслатките и уредување на нивните детски соби, градинки, специјализирани фризерници и детски ординации.
